Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од лежалка меѓу две јахти пишува статуси за економијата или телефонот му е кај Фрчкоски?

Класична СДСM матрица на лаги и дефокус. Последниот човек кој може да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Класична СДСM матрица на лаги и дефокус. Последниот човек кој може да зборува за економија е Венко Филипче. Под него, Заев, Артан, Бујар и Али, Македонија ја виде најголемата сиромаштија, најскапата струја, најскапото гориво и најголемите корупциски афери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставови на Венко Филипче.

Народот плаќаше со живот и празни џебови, а тие си полнеа сметки и договараа политики на јахти.

Денес Филипче зборува за „достоинство“, а токму тој и неговиот ментор ја понижија државата и ја симнаа СДС од втора на четврта партија.

Реклама

Меѓу другото, би го прашале Филипче: кога толку глуми загриженост за државата, зошто не им каже на своите 6% поддржувачи колку чини еден ден возење на јахтата? Тука зборуваме за материјалната цена во евра, не за фактот кој одамна е познат, дека тоа возење е само симбол на неговата заложеност кон менторот и сопственикот на јахтата.

За да му ги скратиме маките, еве ја сметката:

Гориво: 1800 €

Екипаж: 500 €

Одржување: 250 €

Марина / сидрење: 200 €

Вкупно: околу 2750 € на ден.

Без да ги пресметаме и скапите ручеци и „ужинки“, какви што има дводецот што го води СДС. Со храна и пијалоци, сумата оди и до 6–7000 € дневно.

За десетина дена тоа преку 70000 евра луксуз.

А за 30 дена, колку што летово поминуваат на јахтата и по грчките плажи и острови, а и по други земји, нека пресмета кој сака сам – колку чини сето тоа.

Затоа, пред да глуми дека се грижи за народот, Филипче нека објасни како е можно да се трошат толку пари на јахти и дали мирно спие кога сите во државата знаат дека токму тој хедонистички двоец е одговорен за сиромаштијата, галопирачката инфлација и разурнатата економија.

Додека народот преживуваше, тие купуваа јахти и си планираа луксузен живот со украденото од народот богатство.

Затоа, Филипче прекини!

Засрами се! Ако воопшто знаеш што е срам.