Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Македонија одбележува 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Македонија одбележува 115 години од раѓањето на Мајка Тереза, чиe вистинско име…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија одбележува 115 години од раѓањето на Мајка Тереза, чиe вистинско име ѝ е Агнеса Гонџа Бојажиу, родена на 26 август 1910 година на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14, која се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.

Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Потекнувала од добростоечко семејство, во кое владеело правилото да се помогне на секој на кого му е потребна помош. Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела на 12-годишна возраст, кога добила повик од Бога. По шест години, конечно го напушта родниот град и заминува за Даблин, Ирска. Оттаму почнува да ја исполнува својата мисија – да им помогне на гладните и угнетените луѓе низ целиот свет.

За својата посветеност била почитувана од многумина – од обичните луѓе до лидерите на водечките светски сили, државници, славни личности и хуманитарци, а најмногу од оние кои верувале дека може да се помогне за да се победи бедата, гладот, сиромаштијата и болеста.

Реклама

Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредната и широка дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените низ целиот свет. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година, по неколкугодишна борба со болест на срцето и белите дробови.

Две години по нејзината смрт, папата Јован Павле II ја започнал диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација, а по завршувањето на целата постапка, Мајка Тереза е прогласена за светица.