Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Срцевите операции под лупа – Алиу очекува објективен и независен извештај од комисијата

По вчерашната средба со кардиохирургот Сашко Кедев, министерот за здравство Азир Алиу,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По вчерашната средба со кардиохирургот Сашко Кедев, министерот за здравство Азир Алиу, денеска одржа состанок и со комисијата задолжена за подготовка на анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во земјата, во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници.

Интерната комисија е составена од врвни експерти во областа – правници и економисти, а е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со посебен фокус на периодот од 2022 до 2025 година, во јавните и приватните здравствени установи. „Очекувам комисијата да подготви објективни резултати, кои произлегуваат од максимално професионален и независен процес. Наодите ќе бидат клучни за реално утврдување на состојбите“, рече Алиу.

Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи со кој ги повика да достават податоци за вкупниот број извршени кардиолошки и васкуларни операции во периодот од јануари 2022 до август 2025 година. Дополнително, приватните здравствени установи, почнувајќи од 15 септември, ќе имаат обврска да го информираат ресорното министерство за сите извршени прегледи и интервенции, односно да ги евидентираат во „Мој термин“.