Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За четири години локална власт во Кисела Вода, решен најгорливиот проблем, проширени капацитети и нови градинки 

Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината. Се градеше нова и се реконструираше постоечката патна инфраструктура, се градеа спортски сали, терени, игралишта, се прошируваа капацитети и се градеа нови детски градинки, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од најгорливите проблеми на Кисела Вода, особено за брачните парови, беше долгата листа на чекање за упис на дечињата во градинките. И затоа, четири години се работеше интензивно и посветено, се наоѓа средства и ресурси за да се изградат нови градинки, а и да се прошират капацитетите на постоечките.

Посветената работи и вложениот труд вродија со плод, во последните четири години се изградија пет нови градинки, а уште пет се реконструираа, проширија и се модернизираа со најсовремени услови.

Реклама

Целта да се стави крај на листите за чекање за прием во детските градинки, се постигна. Од наследена листа со 450 деца кои чекаат упис, сведена на нула.

Паралелно се вложуваше и во основното образование, се модернизираа училниците, се поставуваа фотоволтаици, се градеше училишна спортска инфраструктура, а во моментов две училишта се во фаза доградба со цел да се создадат услови за воведување едносменско работење во сите основни училишта.

Изминатите четири години, во Кисела Вода значително се развиваше спортската инфраструктура, така што се изградија повеќе од 20 спортски терени, во моментов се градат три нови спортски сали, четири се целосно реконструирани и во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ беше пуштен целосно нов затворен базен.

Патната инфраструктура беше во центарот на вниманието, за четири години се инвестираше во сите населени мести и се изгради нова и реконструираше постоечката во должина од 70 километри, со обновена подземна водоводна и канализациска мрежа.