Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ДЗР: Системот за интегрирано планирање на ресурсите што го користат голем дел од институциите од јавниот сектор е без соодветна заштита на податоците

Недостиг на безбедносни политики, користење на застарени оперативни системи и на заеднички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недостиг на безбедносни политики, користење на застарени оперативни системи и на заеднички лозинки и без двојна потврда, како и неажурирани резервни копии, се дел од слабостите на системот за интегрирано планирање на на ресурсите што ги утврдиле ревизорите.

Системот за интегрирано планирање на ресурсите го употребува Службата за општи и заеднички работи на Владата за извршување на сметководствено-финансиските услуги за повеќе државни институции.

Иако, ИПР системот е имплементиран во 2016 година, како што се наведува во ревизорскиот извештај од Државниот завод за ревизија (ДЗР), се уште отсуствува правен акт кој ги регулира правата и обврските на Министерството како сопственик и на Службата како корисник на системот што, според ревизорите, создава ризик од несоодветно управување со податоците. 

Реклама

Поради несоодветно планирање и ненавремено спроведување на постапките за одржување на системот, во периодот од 522 дена не бил склучен договор за регулирање на правата и обврските за негово одржување. Ваквата состојба влијае на безбедноста, достапноста и точноста на податоците, како и до потешкотии во изготвувањето на финансиските извештаи за соодветните известувачки периоди. Во периодот на одржување не се преземени активности за редовна проверка на резервната копнија (бекап) на податоците, а со тоа се зголемува ризикот од поврат на податоците, наведуваат ревизорите. 

Во Службата за општи и заеднички работи, како што се посочува во ревизорскиот извештај, недостигаат стратешки документи кои ги дефинираат насоките за развој, одржување и надградба на информатичките системи, како и политики и процедури за управување со податоци што, според ревизорите, може да доведе до неефикасно управување и до ранливост од безбедносни закани. 

Ревизорите утврдиле и повторување на исти надградбени активности и надградби што не се засноваат на потребите и не ги опфаќаат сите корисници, недостиг од поврзување со Централниот регистар преку интероперабилност, како и високи трошоци и забавување на процесите поради недостиг на интегрција.

На навременото и ефикасно извршување на задачите, според ревизорите влијае и недостигот на човечки ресурси поради постојаниот одлив по основ пензионирање и недостигот на вработени со соодветни знаења.