Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ најде време за лаги, а не може да го најде Филипче на која јахта е веќе еден месец 

СДСМ најде време за лаги, а не може да го најде Филипче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ најде време за лаги, а не може да го најде Филипче на која јахта е веќе еден месец, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Глупости. Ова е нивото на СДСМ кога е скроз јасно дека нема идеи и нема визија. Во вакви ситуации, се измислуваат тези за да се хранат оние 6% поддржувачи што сè уште им веруваат.

Венко Филипче, наместо да инструира пресови за ВМРО-ДПМНЕ и да глуми аналитичар, нека им даде одговор на своите сопартијци: 

Реклама

1. Како заедно со Заев го умножија своето богатство додека граѓаните тонеа во сиромаштија?

2. Како СДСМ од втора политичка сила во државата пропадна на четврто место, под водство токму на луѓе како него? 

Нека им објасни на членовите на СДСМ зошто партијата е симбол на корупција, криминал и тајни договори, зошто младите си заминуваа од државата токму додека тој седеше во владата, и зошто секогаш на јахти и острови се договараа нивните „тези“ за спас на партијата. 

Кога Филипче ќе има одговор за овие прашања, тогаш можеби ќе може да зборува за избори, демократии и процеси. 

Сега единствено што прави е да личи на својот ментор, кој му ја остави во наследство матрицата на криминал и манипулација. Сè друго што го зборува е смешно. И трагично. За нив.