Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Сајкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години со реализација на многубројни проекти, покажаа посветеност, работа и резултати

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – локалната и централната власт работат за тебе, имаше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој истакна дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изминатите четири години посветено и чесно работеле и покажале конкретни резултати со реализација на проекти кои се од суштинско значење за општините, односно граѓаните во државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„За да бидеш отчетен пред граѓаните треба да имаш нешто сработено, во овие два дена видовме дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат многу сработено, тоа е одлика на градоначалници коишто се посветени, чесни и кои покажаа резултати. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа посветеност, работа и резултати. Морам да кажам дека заедничко за сите градоначалници на ова претставување нивно во овие два дена беше дека ги презедоа сите општини без исклучок во долгови, блокирани со лоша поставеност на администрацијата, но денес гледаме дека нивната посветеност нивната работа нивната желба за подобрување на општините доведе да имаме резултати проекти и се она што е потребно за да можат да се развиваат и да имаат подобар квалитет на живот на граѓаните“, истакна Сајкоски.

Сајкоски истакна дека градоначалниците имаат реализирано многу проекти кои се однесуваат на патната инфраструктура, канализационата мрежа, образованието и се она што е суштински потребно во општините.

Реклама

„Собранието ја следи работата на локалната самоуправа, активно учествува во работата на локалната самоуправа преку донесување на закони, легислативи коишто ќе го подобрат животот на граѓаните. Најважен проект беше тоа што се донесе задолжувањето со коешто на општините им се овозможи да добијат средства за да можат да ги реализираат проектите коишто во овие два дена ги напоменаа. Проектите се многу значајни бидејќи се однесуваат и на патната инфраструктура, меѓутоа и на основните услови на живот, донесовме нови водоводи, нови резервоари, фекална, атмосферска канализација, нови училишта, нови градинки и се она што е суштински потребно“, вели Сајкоски и додаде:

„Градоначалниците изработуваат проекти и за во иднина, апел до сите граѓани да се приклучат во кампањата, да изградиме една подобра локална самоуправа, да имаме држава каква што сите сонуваме и сакаме да живееме“, рече Сајкоски.