Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Франковиќ: Граѓаните на дневна основа следат каде се трошат нивните пари, а ни пријавуваат и неправилности за кои ние веднаш реагираме преку посебен интервентен тим

На денешниот настан Отчет-Саем, четири години работа за тебе на панелот посветен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан Отчет-Саем, четири години работа за тебе на панелот посветен на меѓународна соработка се вклучи и градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ. Франковиќ го пренесе искуството што се прави во Дубровник за градот да биде транспарентен, а граѓаните задоволни од работата на градските власти, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Франковиќ претстави неколку алатки кои помагаат во насока на тоа граѓаните да бидат задоволни и да учествуваат во работата на градот.

„Граѓаните не плаќаат да работиме и ние им служиме нив. Оттаму за да се зголеми транспарентноста ние воведовме пракса на веб-страницата да се објавуваат сите сметки, сите плаќања кои ги прави градот. Така тие на дневна основна се информирани каде одат нивните пари, за што ги трошиме ние како градска власт“, информира Франковиќ.

Реклама

Освен што го тргаме сомнежот дека нивните пари се трошат за непотребни работи, ние исто така направивме алатка со која тие не информираат за проблем и ние го решаваме во најбрз можен период.

„Имаме алатка Око на Дубровник. Секој наш граѓанин што ќе ја симне апликацијата може да слика и да не извести за проблемот. Со ова практично секој граѓанин е комунален редар е наш комунален редар. Значи снима или слика каде има нешто што е погрешно, или ако има смет и ни праќа веднаш. За оваа цел ние формиравме тим за интервенција кој реагира веднаш“, соопшти Франковиќ.