Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Во Неготино се реши деценискиот проблем со недостиг на вода за пиење, Градско вложува во најмладите, бесплатна градинка и оброк за сите деца и ученици

Бесплатна градинка за 60 деца и бесплатен оброк за учениците до петто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бесплатна градинка за 60 деца и бесплатен оброк за учениците до петто одделение се два од најважните проекти реализирани за време на четиригодишниот мандат на градоначалникот на општина Градско, Кире Нацков, градоначалник на општина Градско на денешната трибина насловена „Четири години работа за тебе“ во рамките на денешниот настан Саем-Отчет за сработеното во мандатот на градоначалниците, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште од почеток на мандатот имавме концепт дека најмногу треба да вложиме кај најмладите. Уште во првите 100 дена направивме бесплатна градинка за сите деца во општина Градско, а во првата година воведовме бесплатен оброк за секое дете од прво до петто одделение. За прв пат почнавме да стипендираме ученици од основно, средно училиште и студенти, воведовме и помош за новороденче“, рече Нацков.

Тој истакна дека со помош на Владата преку јавните повици за проекти на општините ќе се прошируваат капацитети на училиштето при што ќе се создадат услови и ќе се воведе едносменска настава.

Реклама

Во рамките на трибината се обрати и градоначалникот на општина Неготино, којшто истакна дека она што може првенствено да се пофали е тоа што Неготино веќе може да заборави на рестрикциите на вода коишто беа 6-7, а понекогаш и 8 часа во текот на едно деноноќие.

Сега, вели Стојанов, можеме да кажеме дека во општина Неготино сега веќе има и прилив на вода во некои моменти.

Тој посочи дека овој децениски проблем се реши благодарение на посветената работа и залагањето на локалната самоуправа и на вработените во ЈП Комуналец.

„Морам да напомнам дека се стави во функција и катодната заштита на водоводната мрежа од околу осум километри, а секако мораме да напомениме и дека веќе во завршна фаза се и ставање на два извори или бунари кои се со капацитет од четири и пол литри. Така што со овие 9 литри ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето во општината“, рече Стојанов.

Посочи дека после долги години ветување од разни градоначалници, во Неготино веќе е изграден затворен пазар, со површина од два пати по 220 квадрати кој ќе биде голем бенефит за неготинчани.