Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Реконструирани улиците во Вевчани, Македонски Брод целосно се урбанизира

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обратија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обратија градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски  и градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарко Ристески, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Градоначалникот Кочовски истакна дека се реконструирани голем број на локални улици, и целосна реконструкција на кујната во градинката како и партерно уредување а се цели и кон зголемување на капацитетот со изградба на уште едно додатно крило.

„Со овие голем број на реконструирани улици со самото доаѓање пред 4 години проценка беше дека најпотребно на Вевчани е реконструкција на улици, над 10 улици ре реконструирани, претежно главни улици, одиме со целосна реконструкција на канализација и водовод, тоа се сега модерни улици, во тек се уште неколку проекти. Реконструирана е целосно кујната во градинката начинот на затоплување, поставивме топлотни пумпи, поставивме фотоволтаици, партерно е уредена градинката, во наредниот мандат се надевам дека ќе направивме уште едно додатно крило да го прошириме капацитетот. Во Вевчани нема незгрижено дете, сите деца се згрижени, водиме сметка и во таа насока“, вели Кочовски.

Реклама

Градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарко Ристески истакна дека во 2021 наследил општина која не е финансиски стабилна, затоа што наследи долг од околу 60 милиони денари, а вкупниот приход на самата општина по сите основи, беше 52 милиони денари, која во текот на 2022 година успеа фискално да ја стабилизира.

„Приходите ги зголемивме на 73 милиони денари, а веќе 2023 година на 88 милиони денари, а минатата 2024 година веќе вкупните приходи надминаа над 98 милиони денари. Како резултат на тоа, почнаа да се нижат и низа проекти, а едни од најзначајните беа инвестициите во урбаниот дел, односно изградбата на улици во самиот град“, рече Ристески.

Посочи дека изградени се неколку улици, за кои се вложени околу 54 милиони денари, а се вложуваше во градот и во изградба на градски паркинзи и тротоари, така што во урбаниот и руралниот дел на Македонски Брод се посвети сериозно внимание на безбедноста во сообраќајот.