Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Сајкоски: Во Собранието носиме закони кои придонесуваат за подобрување на состојбата во сите општини  

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, гостуваше генералниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, гостуваше генералниот секретар и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој истакна дека Собранието како претставнички дом на граѓаните преку носење на квалитетни закони се труди да им обезбеди добар живот на граѓаните, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Собранието претставува претставнички дом на граѓаните и со самото тоа Собранието се труди најмногу да врати на граѓаните преку носење на квалитетни закони, подобрување на законите и се она што во делот на локалната самоуправа треба да се направи, за да се подобри таа легислатива“, рече Сајкоски. 

Сајкоски објасни дека Собранието изминатата година донело суштински закони, како законот за финансирање на општините со цел да можат да ги реализираат зададените проекти и цели. 

Реклама

„Затоа Собранието во изминатата година донесе неколку суштински закони, прво законот за финансирање на локалната самоуправа со тоа што можат да добијат плус средства општините и да можат да реализираат плус проекти, меѓутоа Собранието донесе и еден закон којшто многу помогна за да се реализираат безброј проекти на општините а тоа е законот за заем со тоа што се овозможија средства на секоја општина што до сега не било, 80 општини добија средства од страна на Владата за да можат да реализираат проекти. Овие проекти што сега ги реализираат општините во нашата држава се суштински и потребни проекти за граѓаните“, дециден е Сајкоски.