Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во Сопиште се изгради прочистителна станица, додека Зелениково обезбеди еднократна парична помош од 5000 денари за секое новороденче

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање  на панел дискусијата со градоначалниците имаа градоначалникот  на општина Сопиште , Стефче Трпковски и градоначалникот на општина Зелениково, Коста Маневски, кои ги наведоа клучните проекти за своите општини, истакнувајќи дека со транспарентно работење и јасна визија се доаѓа до резултати кои се од големо значење за граѓаните на општините Сопиште и Зелениково, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со јасна визија, чесен и транспарентен пристап стигнавме до конкретни резултати покажавме што значи одговорна локална власт. Мојот трет мандат го започнав со изградба на прочистителна станица за населено место Ракотинци, потоа продолживме со промена на јавното осветлување, со овој проект освен што заштедивме средства во буџетот, го подобривме и осветлувањето. Изградивме нова детска градинка со капацитет од 84 дечиња, го доизградивме културниот дом и го опремивме овој е центар на многу културни настани, проектите се бројни, реализиравме проекти кои беа по барање на жителите. Асфалтиравме повеќе од 20 улици, потпишавме меморандум со Стоматолошкиот факултет во Скопје  за жителите на општина Сопиште бесплатно да имаат стоматолошки услуги и прегледи“, вели Трпковски.

Градоначалникот Маневски истакна дека за прв пат во Зелениково ќе се изгради градинка со капацитет за 86 деца, кој како проект ќе обезбеди над 20 нови вработувања, исто така потенцираше дека општината обезбедува еднократна помош од 5.000 денари за секое новороденче.

Реклама

„Во една мала општина како што е Зелениково, е многу тешко да се работи од причина што таа има многу мал буџет, од самиот почеток на мојот мандат наследивме многу лоша финансиска состојба, заедно со општинската администрација, со советот со граѓаните на општина Зелениково, ги детектиравме реалните потреби и започнавме веднаш со работа, со припрема на урбанистичка, планска документација. Благодарение на Владата на Македонија за прв пат во општина Зелениково ќе се изгради градинка со капацитет за 86 деца, тоа е проект и кој ќе обезбеди повеќе од нови 20 вработувања, отворен е целодневен престој  за учениците од прво до трето одделение, за прв пат нашата општина, обезбедува еднократна парична помош за секое новородено дете во висина од 5.000 денари, се обезбедува еднократна финансиска помош 3.000 денари за секое запишано дете во прво одделение, обезбедени се училишни униформи“, рече Маневски.