Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Ѓорѓиевски: Обезбедивме 70 километри патна инфраструктура, изградивме над 20 спортски терени и обезбедивме градинки за згрижување на сите дечиња во Кисела Вода

На денешниот настан Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел дискусијата имаше градоначалникот на Кисела Вода и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој образложи што е направено изминатите 4  години за општината односно ги истакна клучните проекти кои се направени изминатиот период како вложувањето во патната  инфраструктура, изградба на градинки, инвестирање во образованието со изградба на основни училишта и спортски терени, притоа истакнувајќи дека сето тоа искуство  ќе го пренесе и за градот Скопје, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во минатото имавме еден затворен однос од институциите, ниту пак некој ни подаде рака различна е состојбата од кога се направија промени на централно ниво, откако претседателот Христијан  Мицкоски е на чело на Владата на Република Македонија. Еден од најгорливите проблеми за нашето население во Кисела Вода, особено за младите брачни парови, беше недостатокот на места во градинките, ние ја наследивме општината со над 450 дечиња на листите на чекање. Во финална фаза ни е градинката во Потстаница, се потрудивме во изминатиот период да во секое населено место да обезбедиме објект во којшто ќе бидат згрижувани дечињата и практично листите од 450 ги сведовме на нула, што е сериозен прогрес. Што се однесува до основното образовани и инвестициите таму, во моментот сме во фаза на доградба на две основни училишта, каде што нашата интенција води кон тоа и од аспект по практично да биде за родителите но и од аспект на заштеди на институциите, особено за општината и основните училишта , да воведеме едносменско работење на сите основни училишта“, вели Ѓорѓиевскки.

Ѓорѓиевски истакна дека се изградени многу спортски терени и дека е направена модерна, современа патна инфраструктура како и дека е решен проблемот со дивеењето  урбаната мафија во Расадник, со тоа што се поништени 99 маркици за градба.

Реклама

„Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе 4 години во општина Кисела Вода, во моментов се градат три нови спортски сали и четири се целосно реконструирани. 70 километри патна инфраструктура имаме за четири години во Кисела Вода, создадовме модерна современа патна инфраструктура и сите населени места бидат обезбедени со подземна инфраструктура, тоа подразбира водоводна и одводна мрежа.  Она што претставуваше горлив проблем во минатото беше и дивеењето на урбаната мафија, јас бев еден од ретките кој што спроведе Меѓународен конкурс за идејно решение за деталниот урбанистички план во Расадник и поништивме 99 маркици за градба таму“, рече Ѓорѓиевски.