Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

Со изложба на фотографии од реализирани настани, поставена во Градскиот парк во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изложба на фотографии од реализирани настани, поставена во Градскиот парк во Кочани, завршија активностите наменети за млади од програмата „Лето во друштво“.Настанот синоќа финишираше со ритуал во сеќавање на починатите во несреќата од 16. март.

– Ниедна помош во овој период нема толку силно значење како што е оваа, од Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, кој претходните две недели им се посвети на младите и на нивното закрепнување по трагедијата што ни се случи во Кочани. Нашиот главен фокус е кон луѓето, нашите напори се насочени кон младите, на кои им треба креативно канализирање на нивната енергија, рече пред присутните в. д. градоначалникот Венко Крстевски.

Изразувајќи благодарност кон сите учесници на настаните и на волонтери од Локалниот младински совет – Кочани, претставниците на „Малинска“ им доделија сертификати.

Реклама

Лина Ќостарова-Унковска, директорката на Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, истакна дека замислата на програмата „Лето во друштво“ е поврзувањето на луѓето, поддршка во процесот на заздравување со настојување тагата по загубените во трагедијата да се трансформира во надеж.

Настанот во Градскиот парк заврши со ритуал во сеќавање на починатите во несреќата.