Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Извештаите за работењето на Стоматолошката комора се доставени до Обвинителството, велат од Здравство

Министерството за здравство соопшти дека целата документација и извештаите од надзорот над…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство соопшти дека целата документација и извештаите од надзорот над Стоматолошката комора се предадени до Основното јавно обвинителство. Станува збор за три извештаи, датирани од февруари и мај 2025 година, кои укажуваат на законски неправилности во работата на Комората.

Покрај нив, доставени се и дополнителни документи и известувања од Секторот за стоматолошка здравствена заштита. Поради утврдените пропусти, Министерството привремено ја презеде надлежноста за издавање и продолжување на лиценците за стоматолозите. Докторите сега треба да ја поднесат документацијата директно во Министерството.

Министерот Азир Алиу изјави дека се утврдиле сериозни пропусти, како што се користење нерегистрирани здруженија за едукација и неправилни сертификати. Тој го оцени преземањето како почеток на реформи што ќе ја вратат довербата и ќе гарантираат квалитетна стоматолошка услуга. Воедно, посочи дека постојат индиции и за финансиски злоупотреби.

Реклама

Од Стоматолошката комора реагираа дека при сите досегашни контроли не биле најдени неправилности и ги демантираа тврдењата дека незаконски работеле и не постапиле по насоките од Министерството.