Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Свет

Трамп постави нов рок за Путин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација ќе знае во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне мир во Украина, предупредувајќи дека ако тоа не се случи, тој ќе заземе поинаков пристап.

Оваа изјава е последна во низата рокови што Трамп ги постави за завршување на војната, кои досега поминаа без конкретни акции.

Трамп вчера напиша на својата социјална мрежа дека Украина не може да ја добие војната без да нападне во Русија, обвинувајќи го поранешниот американски претседател Џо Бајден дека му дозволил на Киев само да се брани, а не и да возвраќа.

Реклама

Оваа изјава на Трамп значително се разликува од неговиот став во декември лани, кога предупреди дека ако ѝ се дозволи на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во Русија, тоа би била „голема грешка“ што носи ризик од опасна ескалација.