Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Дeтските градинки во Аеродром добија современи прочистувачи за воздух

Општина Аеродром набави висококвалитетни прочистувачи кои користат Х14 ХЕПА филтри што задржуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Аеродром набави висококвалитетни прочистувачи кои користат Х14 ХЕПА филтри што задржуваат над 99.995% од вирусите, бактериите и други микроорганизми, обезбедувајќи квалитет на воздух споредлив со стерилни простории во градинките „Срничка“, „Калинка“, „Црвенкапа“, „Лале“, „Чекорче“, „Бамби“, „Буба Мара“, „Сонце“, „Пчелка 1 и 2“ и „Лавче“.

Како што информирата од општината, прочистувачите имаат и префилтер со активен јаглен кој ја намалува непријатната миризба, а ја редуцира и концентрацијата на озон, азотни оксиди (NO₂) и летливи органски соединенија (VOCs). Прочистувачите имаат капацитет за проток на воздух од 2500 кубни метри на час, овозможувајќи петкратна размена на воздух во просториите на час.

Овој проект е резултат на договорот што неодамна го потпиша в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, со Владата, со цел значително да се намалат негативните влијанија од аерозагадувањето, проблем кој за жал ги засега многу општини во Македонија, особено во зимскиот период.

Реклама

-Здравјето и безбедноста на нашите најмали се врвен приоритет за Општина Аеродром. Со овие современи прочистувачи на воздух обезбедуваме чист и свеж воздух во сите детски градинки и создаваме побезбедна средина за децата да можат да растат и да се развиваат здраво“, изјави Митески, потенцирајќи дека е тоа дел од долгорочната посветеност за подобрување на квалитетот на животот и заштита од сите видови загадувачи што влијаат врз здравјето.