Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

„Бадентер“ е целосно завршена и затворена тема, вели Мицкоски

„Бадентер“ е правило што е дел од Рамковниот договор. Рамковниот договор е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Бадентер“ е правило што е дел од Рамковниот договор. Рамковниот договор е дел од Уставот. Рамковниот договор е целосно исполнет и завршен и тоа е завршена и затворена тема, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали како премиер и како Влада размислуваат за ревизија на „бадентер“ со оглед на изјава на министерот за правда Игор Филков која ја пренесуваат дел од медиумите дека можеби е дојдено време да се ревидира гласањето по „бадентер“ бидејќи на таков начин се дава можност да се кочат одредени политички процеси.

Тоа што претставуваше суштински и институционален проблем, а тоа е балансерот, рече Мицкоски, ние презедовме мерки да го надминеме.

-Знаете, ние понудивме закон за првична застапеност кој покрај етничката, ќе има компонента која ќе оценува според квалитет  и компетенции. Тој е во Венецијанската комисија. Се чека мислење така што очекувам кога ќе го добиеме тоа мислење тој закон да го донесеме, рече премиерот.

Реклама

Медиумите кои ја пренесоа изјавата пишуваат дека Филков не одговорил во која насока би одело можното менување на Бадентеровото мнозинство.