Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Заев, од Еразмус+ Димова доделила грантови од над 270 илјади евра на фризерско студио, ќе спроведувало едукација за медиумска писменост

Злоупотребите на финансиските средства во време на власт на СДС, за партиски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Злоупотребите на финансиските средства во време на власт на СДС, за партиски потреби, сè се поевидентни. Изминатиот период излезе на површина како во време на Зоран Заев и Лидија Димова, европските пари на Агенцијата Еразмус+ завршувале кај лица блиски до СДС, и тоа за сомнителни проекти кои немаат никаква врска со образованието и едукација на младите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА гто пренесува интегрално.

Во истиот овој период и фризерница доби пари од Еразмус+, и тоа за медиумска писменост. За овој проект Заев и Димова на фризерскиот салон му доделиле над 270 илјади евра, во период од три години.

Станува збор за фризерско студио со само две столчиња, на кое Заев и Димова во период од неколку години му доделиле неповратни средства, односно грантови, во вредност од над 270 илјади евра.

Реклама

И овде, како и кај до сега објавените случи на доделени грантови од Еразмус+, сопственикот на фризерницата е поранешен граѓански и партиски активист на СДС.

За овој случај како и за другите вакви проневери на финансиски средства за задоволување на партиските потреби, каде парите завршуваа кај лица блиски до СДС, и во тој период имаше многу реакции во јавноста.

Но, иако судии, професори, партиски членови и лица блиски до СДС се наполнија со пари за проекти вредни стотици илјади евра, одговорност немаше. Обвинителството и тогаш и сега молчи и ништо не презема за да ги испита сериозните индиции за сторен криминал и корупција.

Затоа повикуваме, нивните судии и обвинители да престанат да ги штитат, туку да ги истражат наводите за злоупотреба на финансиските средства за партиски цели.

Одговорност мора да има, а моменталната паника и страв во СДС е токму поради тоа што на виделина излегува нивното корупциско и криминално владеење во Агенцијата Еразмус+.