Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

Не е вистина дека повторно ќе се активира рудникот Казандол, изјави денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не е вистина дека повторно ќе се активира рудникот Казандол, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во увид на работите на новиот погон во кочански „Анфенол“. 

– Сопствениците на инвестицијата во Казандол го изгубија спорот и побарувањето од 115 милиони евра оштета. Тоа значи дека тие веќе немаат концесија. Не е вистина дека со ова што компанијата изгубила сега веќе ќе има отворање на рудникот. Тоа е веќе конструкција и обид за манипулација од одредени кругови кои што не и мислат добро на Македонија и на граѓаните во Македонија, рече Мицкоски.    

Премиерот притоа кажа дека ова е втора арбитража којашто оваа Влада ја добива и оти се очекуваат барем уште две во периодов што следи. За него, вистинското прашање е како во минатото било пракса да се губат арбитражите и како сега наеднаш арбитражите се добиваат во полза на државата.

Реклама

-Треба тоа да се истражи. Да, ние направивме одредени промени во адвокатскиот тим, но некако симптоматично е како во минатото се губеа сите арбитражи како по правило, а сега ги добиваме. Во случајов станува збор за арбитража која вредеше околу 115 милиони евра. Толку беше тужбеното барање на спротивната страна која што беше побарување од тужениот, тоа беше Македонија. Причина да се случи оваа арбитража е раскинатата концесија од страна на Владата за формирање на рудникот Казандол, рече премиерот Мицкоски. ев/са/