Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Ѓорѓиевски на средба со невладиниот сектор: Со заедничка работа, почит и визија за достоинствено Скопје

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски вчера оствари конструктивна средба со дел од невладините организации и здруженија на граѓани од Скопје. Во отворена и позитивна атмосфера, како што објави Ѓорѓиевски на Фејсбук, се разговарало за досегашните предизвици, но и за идни идеи и решенија. 

– Денеска остварив средба со дел од невладините организации и Здруженијата на граѓани од Скопје – луѓето кои најдобро ги познаваат потребите на нашиот град и секојдневните предизвици на скопјани. Разговаравме во отворена и позитивна атмосфера, со искрен муабет за проблемите од минатото, но уште поважно, со конкретни идеи и решенија за иднината, напиша Ѓорѓиевски.

Врз основа на добрите европски практики, на средбата како што посочува Ѓорѓиевски, биле сподени значајни предлози во областа на животната средина, хигиената, социјалната заштита, културата, младите, за лицата со инвалидитет, ретки и хронични болести и многу повеќе.

Реклама

-Секое нивно размислување внимателно го забележав и со гаранција ќе биде дел од мојата програма која заедно ќе ја пишуваме. Верувам дека вистинскиот пат е партнерски однос – заедничка работа, почит и визија за достоинствено Скопје. Во мене секогаш ќе имаат пријател и човек за искрена соработка, вели Ѓорѓиевски.

Потенцира дека нашиот град заслужува повеќе и дека заедно ќе го вратиме достоинството и ќе го изградиме Скопје какво што сите сакаме.

Ѓорѓиевски посочува дека еден од првите приоритети на градот Скопје ќе биде проширување на булеварот ,,Цветан Димов”, бидејќи секојдневно, повеќе од 100.000 граѓани ја користат оваа делница која ги поврзува Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Центар, но, како што додава, „за жал досега сите ветувања од поранешните градоначалници останаа само зборови“.

-По големата победа во октомври – со поддршка од сите наши сограѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи и други, една од првите задачи ќе биде токму оваа. Скопје заслужува безбеден и функционален булевар, а нашата цел е тоа да се постигне со сериозна работа и многу труд, истакнува Ѓорѓиевски.

Со заложба за транспарентна и искрена соработка, тој порача дека секогаш ќе остане отворен за дијалог и иницијативи кои го подобруваат животот во градот.

-Свесни сме во каква состојба се наоѓа градот и затоа сме тука да ја направиме разликата, да ги ставиме во функција запоставените јавни претпријатија, да ја исчистиме депонијата во која се претвори, да го надминеме сообраќајниот хаос и да донесеме вистински решенија за безбеден, чист и достоинствен град, нагласува Ѓорѓиевски.