Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВРЕДИ: Не зборови, туку дела, инвертер клима уреди за стотици загрозени семејства

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денес со задоволство објавуваме одлука што докажува дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Денес со задоволство објавуваме одлука што докажува дека нашата влада е влада на дела, а не на празни ветувања. Преку оваа програма, издвоени се 170 милиони денари за поддршка на најранливите семејства, обезбедувајќи им инвертер клима уреди од највисока класа А+, со загарантирана ефикасност и квалитет, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

Ова не е обичен чекор. Ова е гигантски чекор кон подобрување на условите за живот, бидејќи овие уреди ќе обезбедат топлина во зима и свежина во лето, заштедувајќи енергија и придонесувајќи за заштита на животната средина.

Реклама

Овој проект е доказ дека владата на ВЛЕН е влада со срце и одговорност, бидејќи нашата политика произлегува од потребите и грижата на граѓаните. Ова е јасна порака дека ниедно семејство нема да биде запоставено и дека секој граѓанин има право да живее со достоинство и пристоен стандард.

Огласот е сега отворен и ќе трае 60 дена. Ги покануваме сите оние кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да имаат корист од овој одличен проект, кој директно влијае на стотици семејства и илјадници животи.

Ова е промената што ја ветивме. Ова е промената што ВЛЕН ја носи секој ден.