Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Царинска управа: Запленети 78 килограми тутун за наргиле, поднесена кривична пријава

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари. Против едно лице е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство поради основано сомневање за сторено кривично дело криумчарење и спречување службено лице во вршење службено дејствие.

Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин. Лицето, со намера незаконски да ја избегне царинската контрола, одбило да го запре возилото пред царинскиот службеник и со зголемена брзина се упатило кон рампата, со што го попречило во извршување на службеното дејствие.

При запирањето, возилото било селектирано за детална контрола, при што биле пронајдени 13 кутии со 312 лименки со вкупно 78 килограми тутун за наргиле. Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока за која не биле платени давачки во висина од 508.048 денари.

Реклама

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое по преземените предистражни дејствија поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство, соопшти Царинската управа.