Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сумите од по 200 илјади евра од Еразмус +, како од шала, се делеле на лица блиски од СДСМ

Сумите од по 200 илјади евра од Еразмус +, како од шала,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сумите од по 200 илјади евра од Еразмус +, како од шала, се делеле на лица блиски од СДСМ. Покрај Фрчкоски, судијата Лазар Нанев, во времето на Лидија Димова и Зоран Заев, со 205 илјади евра, пари од агенцијата, се офајдил и брат на пратеник од редовите на СДСM, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Станува збор за братот на тогашниот пратеник од СДСM, Диме Велковски. На него, Заев и Димова преку Еразмус+ му доделиле грантови финансиски средства за два проекти и тоа, за дресирање магариња и правење сирење.

Едниот бил во висина од 83 илјади евра, и тоа, верувале или не, за дресура на магариња. Нешто до тогаш, но и до сега, невидено и невообичаено. Наместо средствата да завршат за образовни проекти за младите, тие завршиле кај брат на пратеник од СДСM, за дресирање магариња.

Реклама

Но, СДСM не застанаа тука, на братот на пратеникот Велковски од Агенцијата му доделиле дополнителни 125 илјади евра, и повторно не за образовен проект, туку за проект „Избери сирење“, кој нема никаква врска со образовни програми.

Преку Димова, СДСM и Зоран Заев ги цедеа финансиските средства од Еразмус+, за парите да ги делат на нив блиски луѓе. За да ги задоволат партиските потреби, делеа пари на судии, професори, на браќа на пратеници.

Ваквата злоупотреба и проневера на финансиски средства наменети за образовни програми за младите, не помина незабележана ниту од јавноста, ниту од Европската заедница која бара да и се вратат дел од проневерените пари.

Ова е потврда и доказ дека СДСM, Заев и Димова не си ја вршеле чесно својата работа, туку дека финансиските средства ги користеле за задоволување на партиските интереси, со што го уривале и угледот на државата.

Затоа го повикуваме обвинителството, да не молчи и да ги штити како до сега, туку да се стави во служба интересите на државата и конечно да донесе правда и секој кој се огрешил или проневерил финансиски средства, да одговара.