Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Граѓанската иницијатива „Шанса за центар“ не се откажува од намерата да регистрира партија пред изборите

И покрај ваквата одлука на ДИК, граѓанската иницијатива „Шанса за центар“ не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај ваквата одлука на ДИК, граѓанската иницијатива „Шанса за центар“ не се откажува од намерата, заедно со останатите групи да регистрираат политичка партија пред изборите.

„Да, го намалија прагот за учество на изборите, но еве зошто ќе продолжиме да собираме потписи за основање на политичката платформа Независни заедно. Овој правилник ќе важи само за овие избори. Не сакаме повеќе неизвесност ’пет до дванаесет’. Постои можност наместо јасна листа за гласање, да добиеме тетратка со голем број имиња, каде партиите ќе бидат најгоре, а под нив ќе следат долги списоци со имиња,“ велат од иницијативата.

Од таму додаваат дека и покрај одлуката на ДИК, продолжува примената на членот од Законот според кој независните групи ќе бидат претставени само со имињата на носителите на листите, наместо со називот на групата, односно ќе стои група избирачи и името и презимето на носителот на листата.

Реклама

„Ова отвора можност да се појават слични имиња со цел да се создаде забуна кај гласачите,“ предупредуваат од иницијативата.