Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Меџити од Арачиново: Ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктурата не по партиска или етничка линија, туку секаде каде има потреба

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска изврши теренска посета и увид во работите за завршување на последниот дел од каналот во Арачиново, проект што се реализира со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Меџити нагласи дека се работи за значен инфраструктурен проект – изградба на секундарната фекална канализација составена од девет краци во вкупна вредност од околу 20 милиони денари.

-Денес се работи на последниот крак со вкупна должина од 860 метри каде се реализирани 50 отсто од работите и истиот ќе заврши во текот на следниот месец. Во изминативе 13 месеци во Арачиново донесовме инвестиции во вредност од над 164 милиони денари, реални конкретни проекти а не само ветување. Она што за некој беше недостижно три децении, ние го реализиравме. Го изградивме ободниот канал, почнавме со изградба на нови фекални и атмосферски водоводни мрежи и обезбедивме урбано уредување со нови пешачки патеки и шеталишта, рече тој.

Реклама

Меџити потенцира дека во соработка со Владата и Министерството за животна средина досега со инвестираните приближно 164 милиони денари, како што рече, директно го подобриле квалитетот на живот, хигиенските и безбедносните услови за жителите на Општина Арачиново.

-Нашата работа нема да застане тука. Ќе продолжиме да инвестираме не по партиска или етничка линија, туку секаде каде што има потреба. Веруваме во одговорна политика што носи реални резултати. И нашата цел е сите граѓани да ја почувствуваат разликата, истакна Меџити.