Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

🎥 Владата отвора нов фронт – овојпат против кешот и сивата економија во градежништвото

Инспекторите на терен. Ги чешлаат градежните фирми за неправилности. Разочарувачкиот факт дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспекторите на терен. Ги чешлаат градежните фирми за неправилности. Разочарувачкиот факт дека повеќе од половина од становите се плаќаат во кеш го вклучи алармот кај надлежните дека нешто не чини во овој сектор и дека цените се вештачки напумпани. Владата реши да ги стави во  ред и да си ги наплати парите кои сега не се слеваат во државната каса. Управата за јавни приходи презеде храбри чекори. На 318 градежни компании им дадоа време да ги поправат неправилностите, ако не сакаат казни. Даночните инспектори засилено ќе излезат на терен за да ги ловат прекршувачите на законите. Од УЈП велат дека ризиците во градежништвото се големи: имало непријавени работници, фирмите избегнувале да платат ДДВ за продажби на нови станови по истекот на 5 години, договори по нереално ниска продажна вредност, а имало и значителни разлики меѓу реалниот обем на изградба и пријавените приходи од продажба.

Уште кога стапи на функцијата на крајот на мај, гувернерот на Народната Банка, Трајко Славески рече дека централната банка ќе се обиде да интервенира во градежништвото кадешто се забележани шпекулативни потфати. Тој посочи дека тоа што половина од становите се плаќаат во кеш, ги зголемува сомнежите за тоа од каде доаѓаат овие пари и дали се стигнати по легален пат, бидејќи најголем дел не се од заштеди, туку имаат непознато потекло.

И покрај намалените трошоци на градежните материјали, цените на становите продолжуваат да растат. Не спласнува ниту изградбата, ниту побарувачката. Во јуни биле издадени 213 одобренија за градење, што е за 15 % повеќе во однос на истиот месец лани. Според податоците на Народната банка, пак, во вториот квартал годинава цените на становите пораснале за 22,3 проценти. Новите станови во центарот на Скопје се продаваат и за 2.700 евра за метар квадратен, цена што голем дел од граѓаните со просечна плата од 745 евра месечно не можат да си ја дозволат без да се задолжат со повеќедецениски кредити кои ќе ги отплаќаат и во пензионерските денови. Токму затоа Народната банка работи на мерки за да им овозможи на младите полесно да дојдат до поевтини кредити за да се стекнат со својот прв дом.