Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Свет

Зеленски со придружба ќе патува во Вашингтон – ќе бара директни разговори со Путин и безбедносни гаранции за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре заминува за Вашингтон, каде во Белата куќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре заминува за Вашингтон, каде во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. На маса ќе бидат ставени можните решенија за ставање крај на војната во Украина и обезбедување трајни безбедносни гаранции.

Средбата доаѓа само неколку дена по самитот во Алјаска, каде Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се обидоа да дојдат до прелиминарен договор за прекин на конфликтот. Зеленски денеска беше во Брисел, каде што се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со која го координираше заедничкиот настап пред Вашингтон.

Во американската престолнина, покрај Зеленски и Фон дер Лајен, ќе учествува и европската „тешка артилерија“ – францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер, италијанската премиерка Џорџа Мелони, финскиот претседател Александар Студ, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Консултациите меѓу лидерите се одвиваат веќе два дена преку видеоврски, во пресрет на важната средба.