Расте бројот на македонските лекторати во странство, нивната мисија во изучувањето на македонскиот јазик е од огромно значење,бидејќи преку нив се шири македонскиот збор во светот.Во моментов има 11 активни лекторати,најстарите се во Букурешт и Париз,најголем број студенти имаат лекторатите во Истанбул и Риека. На филозофските факултети во Љубљана и во Загреб, како и на универзитетот „Ломоносов“ во Москва,50 години се изучува македонски јазик како главен предмет. Пред две години беше испратен и првиот лектор по македонски јазик на Универзитетот за странски јазици во Пекинг,а лани започна со работа и лекторатот во Тирана.Ректорката на најголемиот и најстар универзитет во земјава „Св. Кирил и Методиј“соопшти дека веќе се завршени конкурсите за ангажирање на лектори во словачкиот град Нитра,а после 15 години е возобновен лекторатот во Неапол.
“Македонскиот јазик, е меѓу 230-те јазици на лингвистичката мапа. Познат, признат од страна на ООН, кодифициран пред 80 години,така што негирењето на јазикот е пред се проблем, но на оние кои го негираат,македонскиот јазик постоел и ќе постои. Универзитетот “Кирил и Методиј “ како државотворен универзитет на македонски јазик, секогаш со целиот свој научен капацитет, ќе стои во поддршка и промоција на македонскиот јазик.”-вели проф.др Билјана Ангелова, ректор на УКИМ
“Тоа значи дека таа македонистичка мрежа уште повеќе ќе се шири како конзистетна, студиозна и стабилна наука и воедно таа наука на најреномираниот универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје е најголема потврда за македонскиот јазик, а всушност и потврда за македонскиот идентитет.А сето ова докажува дека не имало од праискона,бидејќи сме земја и традиција на исконите и ќе не има” вели-проф.др Кристин Николовска директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Инаку,стотици студенти го изучуваат македонскиот јазик во странство, а се зголемува и бројот на млади кои сакаат да ја изучуваат македонистика во земјава.
“Всушност, не е само наша професија да продолжиме да го негуваме и промовираме македонскиот јазик,тоа е и наша мисија.Оно што сакам да го кажам е дека, посетувајќи ги лекторатите низ повеќе градови каде што ги имаме, нашите сознанија и информација се дека бројот на лица кои што го избираат да го слушаат, да го изучуваат македонскиот јазик е во пораст” –вели Ангелова
Меѓународен семинар за македонски јазик,литература и култура,кој по 58-ми пат се одржува во Охрид е многу значен,низ него поминале повеќе од 5.000 македонисти, историчари, слависти кои што потоа кога ќе се вратат во своите матични држави го шират изучувањето на македонскиот јазик и на нивните универзитети.Овој семинар е расадник на кадри,додаваат двете еминенти професорки.

