Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт инфлацијата беше над 20 отсто, сега таа е во рамките на нормалата со ЕУ, а животниот стандард и платите се зголемуваат

За само една година, се зголемија платите во образованието, здравството, културата, полиција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само една година, се зголемија платите во образованието, здравството, културата, полиција, социјала и администрација. Како никогаш досега, се зголемија пензиите за 5000 денари, а до март следната година пензионерите ќе добијат уште 2000 денари, што значи вкупно 7000 денари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Зголемен е капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози. Странски директни инвестиции во вредност над 1 милијарда и 255 милиони евра, рекордни во независна Македонија.

Општините поддржани со 250 милиони евра, како и бизнис секторот, кој по најповолни каматни стапки добива кредит од државата за да инвестира во Македонија. Цената на електричната енергија не порасна ниту за 1%. Остана иста како и пред година дена. 

Реклама

Мерките како Училишната кошничка, Новогодишна кошничка, Божиќна и Рамазанска кошничка дадоа ефект за намалување на цените во маркетите, а во меѓувреме се работи и на конечно решение за ќар и на потрошувачите и на производителите. 

Инвестиции од 1,5 милијарди евра во енергетиката, со што ќе се отворат нови работни места. Инфлацијата е во нормала и намалена, во рамките на инфлацијата и со ЕУ. Јавниот долг е намален, имаме зголемени историски приходи во Буџетот, после долго време ребаланс на Буџет се направи поради суфицит. Земјоделците добиваат редовни субвенции, околу 11 милијарди денари исплатени кон нив.

Ова е само дел што е направено изминатава година во делот на унапредување на животниот стандард на граѓаните. А да се потсетиме како беше.

Инфлација над 20%, граѓаните живееја со 150 денари на ден, сметките за електрична енергија се зголемија над 50% во време на СДСМ, пензиите се зголемуваа за 150 денари, а за платите да не ни зборуваме. Јавниот долг беше над 60% историски највисок, инвестициите како Фејсбук, Гугл и Формула 1 останаа во фантазијата на Заев, задолжени беа сите институции, вработени во Национални шуми, Водостопанство и Пошти, не земаа со месеци плата. Земјоделците беа заборавени, образованието тонеше и беше без учебници.

Ама затоа Заев и Филипче на мотори, јахти, по планини и мориња, купуваат авиокомпании, градат облакодери, фирми на кои им местеле тендери им купуваат автомобили, судии и обвинители ги штитат од прогон.

Нека кажат Филипче и Заев дали тешко се живее во државава? Како тие со нивните плати купија јахти, висококатници и акции во индиски авиокомпании?

Доста е веќе лицемерност и лажна загриженост од страна на СДСМ. Доаѓа времето на Македонија!