Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM ги остави граѓаните со 150 денари на ден, сега се зголемуваат платите и пензиите, инвестициите се историски највисоки

СДСM ги остави граѓаните да преживуваат во нивно време со 150 денари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM ги остави граѓаните да преживуваат во нивно време со 150 денари на ден. Лицемерието на СДСM не престанува. Кога СДСM зборува за економските политики на Владата, да ги потсетиме дека тие ја доведоа државата на раб на банкрот, платите стагнираа, а пензионерите секојдневно беа на улиците барајќи зголемување на пензиите. Јавниот долг беше над 60% и историски највисок во нивно време. Инвестициите како Фејсбук, Гугл и стазата за Формула 1 останаа само во фантазијата на Заев и Филипче, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред да кажува СДСM како се живее во државата, нека го праша Филипче и неговиот ментор Заев од каде им се парите за висококатници во Дубаи, за акции во индиска авиокомпанија, за скапи јахти од приближно 1 милион евра?

Ако се живее навистина тешко, нека кажат како Заев и Филипче со пратенички, министерски, докторски или премиерски плати, успеаја да купат јахти, акции и облакодери низ светот?

Реклама

За разлика од нив, граѓаните живеат доста поскромно, но за разлика од времето на СДСM, не преживуваат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите на пензионери за 7000 денари, ги зголеми платите во МВР, образование, здравство, култура, социјала и администрацијата. Од денес почна и новата мерка за училишен прибор, во која семејствата ќе заштедат од 800 до 2000 денари овој месец. Цената за струјата не се зголеми за 12 месеци ниту за 1%. Дополнително, се помага на социјално ранливите семејства. Само во делот на енергетиката, се направени инвестиции од 1,5 милијарди евра. Тоа значи и отворање на нови работни места. Македонија е 4та во Европа според растот на БДП во првиот квартал, а 6та во светот по привлекување на странски инвестиции според БДП.

Ова се резултатите на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Се се постигнува кога се работи чесно и транспарентно. Фактите говорат за раст, развој и искрена грижа за граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано гради за својот народ.