Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

🎥 Лефков: Како Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра, СДСМ и Филипче должат одговори

Како Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра?…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра? СДСМ и Филипче должат одговори. Како Заев кој со години беше градоначалник, а потоа и премиер успеа со државната плата да ја купи луксузната јахта со која сега заедно со Венко Филипче плови по Егејското море, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

СДСМ и Венко Филипче мора да им одговорат на граѓаните како нивниот поранешен претседател Заев ја купил јахтата и со кои пари? И како со плата на државен функционер се станува мултимилионер?

Уште поголема е дилемата кога малку ќе се подистражи, и ќе се дојде до податокот дека пловен објект од таков калибар има годишни трошоци за одржување, сервис, гориво и пристаниште кои на далеку ја надминуваат годишната плата на еден државен функционер каков што беше Заев.

Реклама

Венко Филипче не може да бега од одговори, неговата поврзаност со Заев не е само партиска, туку и приватна, тие имаат фирми на исти адреси, браќата нивни се влезени во заеднички бизниси, едноставно премногу е тенка границата меѓу двајцата.

Венко Филипче и СДСМ да не се кријат. Народот чека одговори.