Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

УНИЦЕФ ја поздравува одлуката на Владата за усвојување на Националниот акциски план за правата на децата 2025–2029

Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава  ја поздравува одлуката на Владата за усвојување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава  ја поздравува одлуката на Владата за усвојување на Националниот акциски план за правата на децата 2025–2029 како патоказ што ќе помогне во спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето преку конкретни активности што ќе им користат на сите деца.

Во пишана изјава до медиумите, претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер вели дека со усвојувањето на овој документ, Владата се обврзува да ги зајакне своите напори за заштита, промоција и почитување на правата на секое дете во Македонија.

Нагласува дека УНИЦЕФ „ја цени конкретната обврска што ја презема Владата за унапредување на превентивните механизми и мерките за справување со сите форми на насилство, злоупотреба и занемарување на децата; обезбедување еднаков пристап до здравствени услуги, ментално здравје и ран детски развој; промовирање инклузивно, квалитетно образование и можности за доживотно учење; и овозможување децата да ги изразуваат своите ставови и да влијаат врз одлуките што ги засегаат“.

Реклама

-Исто така, ги поздравуваме мерките опфатени во документот за намалување на детската сиромаштија и подобрување на пристапот до основни социјални услуги без дискриминација. Имплементацијата на Европската детска гаранција, со посебен фокус на детската сиромаштија и социјалното исклучување, како и предвиденото зголемување од 15 проценти на паричните надоместоци за деца, може да помогне во намалување на нееднаквоста меѓу децата. УНИЦЕФ очекува овие мерки да придонесат за поголема социјална вклученост и еднаквост меѓу децата, нагласува Милер.

Значаен чекор во Планот, додава во пишаната изјава, е обврската за формирање на Национален комитет за правата на децата.

-Создавањето вакво постојано тело со мандат да ги координира сите активности и да ја следи усогласеноста на земјата со обврските според Конвенцијата за правата на детето беше една од главните препораки на Комитетот за правата на детето во неговите Завршни забелешки за Северна Македонија од 2022 година. Формирањето на телото и усвојувањето на Националниот акциски план за правата на децата ги исполнуваат важните критериуми за пристапување кон ЕУ утврдени во Патоказот за владеење на правото на земјата, се наведува во дописот. 

УНИЦЕФ ги охрабрува властите „да овозможат Националниот акциски план за правата на децата да не остане само на хартија, туку да се преточи во акција и да добие потребни ресурси за целосна имплементација“.

-Остануваме посветени на поддршка на Владата и партнерите во спроведувањето на Планот. Заедно, можеме да обезбедиме секое дете во земјата да ги ужива своите права, да расте во средина полна со можности и да придонесува за изградба на праведно и инклузивно општество за сите, истакнува претставничката на УНИЦЕФ во Македонија.