Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Балкан

Дачиќ: Демонстрантите се одговорни за најголемиот број повредени во протестите во Србија

Во немирите што се случија синоќа и во текот на ноќта, повредени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во немирите што се случија синоќа и во текот на ноќта, повредени се десетици граѓани и полициски службеници, како и седум припадници на специјалната единица на Војската на Србија „Кобри“ задолжена за обезбедување на лица, соопшти министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Тој ги обвини демонстрантите дека предизвикале најголем дел од повредите.

Повеќе градови во Србија беа зафатени со судири меѓу полицијата и антивладините демонстранти, кои опколиле локални штабови на владејачката Српска напредна странка (СНС) по инцидентите од претходните протести во два градови во Војводина, каде приврзаници на СНС нападнаа граѓани.

Најтешки судири имаше во Нови Сад, каде бил предизвикан и пожар во просториите на СНС. Демонстрантите наведуваат дека излегле на улица поради политиките на владејачката партија и претседателот Александар Вучиќ, обвинувајќи ги дека одбиваат да воспостават владеење на правото и да спроведат истрага за несреќата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, во која загинаа 16 лица, претежно млади.

Реклама

Дачиќ изјави дека се повредени 27 полицајци и меѓу 70 и 80 граѓани, при што најголем дел од повредите, според него, ги нанеле „блокадерите“ – учесници во граѓанските и студентските протести. Тој тврди дека полицијата не провоцирала и не предизвикувала напади.

Министерот наведе дека собири имало на „90 локации низ Србија“ и оти на нив имало повеќе приврзаници на СНС од оние кои протестирале против нив. При тоа, 47 лица биле приведени, поднесени се 47 прекршочни и пет кривични пријави, а приведувањата продолжуваат.

Во врска со наводите дека приврзаници на СНС користеле огнено оружје во Нови Сад, Дачиќ потврди дека станува збор за припадник на „Кобри“, кој пукал во воздух „за предупредување“ и за заштита на себе и колегите. Опозицијата побара објаснување зошто војници биле присутни на политички настан, а невладината организација Центар за истражување на безбедноста (ЦИБ) оцени дека употребата на оружје била „многу опасна“ и во спротивност со законот.

Главниот јавен обвинител најави казни за насилничкото однесување, а студентски организации ја обвинија власта дека се обидела да предизвика граѓанска војна, повторувајќи го барањето за предвремени парламентарни избори.

Вучиќ, во обраќање околу полноќ, ги обвини демонстрантите за насилството, велејќи дека нема да има ангажирање на војската ниту граѓанска војна, но во драматичен тон тврдеше дека „во Нови Сад до пред неколку минути било прашање дали ќе преживеат околу 300 граѓани кои ја бранеа својата куќа“. Опозициските претставници и аналитичари оценија дека Вучиќ во тоа обраќање настапувал повеќе како лидер на СНС отколку како шеф на држава.