Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра

Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра. 2,5 милиони евра, европски пари кои потоа Европската заедница ги побара назад од државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДСМ, секогаш ќе остане синоним за криминал, корупција и неспособност. Каде и да се појавеа ја посрамотуваа државата и самите себеси. И на домашна и на меѓународна сцена.

Чест на исклучоци, но во СДСМ скоро сите поранешни функционери, директори, министри, се поврзани со некаков сомнеж или пак сторен криминал.

Реклама

Лидија Димова го оштети Буџетот на Агенцијата на која што беше директорка за над 20 милиони денари, за случај за која е осудена со уште две лица. Затоа СДСМ молчи и се одзива кога ќе се спомне Димова. На крај, ќе речат дека ја познаваат од телевизија.

Тогашниот премиер Зоран Заев, ја присили Димова да не поднесува кривична пријава за криминал вреден 2,2 милиони евра. Пари кои биле украдени од координирана мрежа во Националната агенција која завршува во тогашниот кабинет на Зоран Заев.

Затоа и деновиве кога СДСМ ќе излезе со соопштение или прес-конференција, народот не им верува. 

Затоа што народот е свесен дека тие се синоним за криминал и корупција.

Затоа што народот знае дека скоро секој поранешен функционер од СДСМ има направено криминал,  а тој криминал го штити обвинителството и судството. Оваа слика мора да ја промениме!