Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

🎥 Манасиевски: Политичкиот прогон на Заев, Спасовски и Ахмети заврши, сега доаѓа време на правда и одговорност

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има одговорност за секој еден кој ќе покаже непримерно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека има одговорност за секој еден кој ќе покаже непримерно или незаконско поведение.

Нема веќе заштитени и институциите постапуваат без разлика кој е тој што ги кршел правилата.

За разлика од едно друго време, кога СДСМ и ДУИ ги употребуваа институциите за злоупотреба и политички прогон.

Реклама

Политичкиот прогон на Заев, Спасовски и Ахмети заврши, сега доаѓа време на правда и на одговорност.

Владеењето на Заев, Спасовски и Ахмети беше препознатливо по вршење на политички терор врз луѓе кои се од друг табор.

Се апсеше Миле Јанакиески по три пати само за да се задоволат апетитите на властите и да се дефокусира јавноста од криминалот и корупцијата кој беше во пикот во нивното владеење.

Гордана Јанкуловска лежеше во затвор за „мерцедесот“ кој го возеше токму Зоран Заев, а Спиро Ристовски беше малтретиран и тепан во затвор од други затвореници.

Ова беше сликата со која се соочуваа сите оние кои беа спротивно на СДСМ и на ДУИ. Но и на ваквото однесување му дојде крајот. Сега моралот и принципите се приоритет.

Нема веќе да се дозволува шерифско однесување на локални началници или градоначалници, нема да поминува истото неказнето.

Ако порано овие работи се дозволуваа затоа што одредени лица беа блиски или пак членови на СДСМ и ДУИ, сега тоа време заврши.

Во однос на недоличното однесување и злоупотребата на службената положба на началникот од Демир Хисар, лицето е веќе разрешено и кон него е поднесена дисциплинска постапка од страна на МВР.

Нема веќе исклучоци и нема веќе оправданија. Секој што згрешил пред Законот, за истото и ќе одговара, изјави Валентин Манасиевски на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.