Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Балкан

🎥 Апокалипса во Црна Гора: Огнен обрач околу Подгорица, борба со огнот од север кон југ на земјата

Црна Гора е во пламен. Главниот град Подгорица е буквално во огнен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црна Гора е во пламен. Главниот град Подгорица е буквално во огнен обрач од големиот пожар кој првично избил кај Чањ, а потоа се проширил во сите правци. Криитично е и кај  Бар, Будва, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље, каде огнената стихија остава пустош зад себе. Повеќе од сто војници со хеликоптери и специјализирана опрема неуморно гаснеа пожари низ целата земја, спречувајќи го пожарот да се прошири на домаќинствата.

‘’ Мојата сопруга околу 6 часот наутро, панично ме разбуди со повици за пожар. И пожарот навистина беше од огромни размери. Особено во оној предел лево.’’

‘’ Утрината околу 3 часот имаше вистинска борба со огнот. И сега што ќе се случи никој не знае.’’

Реклама

Црногорската влада веќе побара помош од НАТО и преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. Први кои се одзваа на повикот се соседна Хрватска и Србија.  

Кај Погорица, припадниците на Службата за заштита и спасување спасија мајка со четри годишно дете, а пожарникарите најдоа и луѓе кои се криеле во своите подруми, преплашени од пожарот.

‘’ Се наоѓаме на едно исклучително, да кажам, урбано, густо населено подрачје што додатно ја отежна ситуацијата и општо акцијата на гаснење и спасување.’’

Првичните информации се дека пожарите се разгореле откако во Буљарица се запалил автомобил на албански државјанин, огнот се проширил на непристапен терен, стигнал до Чањ  а потоа и на други места.

На социјалните мрежи е објавено видео од плажата во Петровац, на кое се гледа како густиот чад го прекрива небото. Чадот доаѓа од правец на Чањ и Буљарица, а според достапните информации, пожарот е целосно надвор од контрола, а ветрот дополнително го отежнува гаснењето. 

Според информациите од медиумите, најкритично е и понатаму во Пипери, каде што синоќа се појавија нови жаришта во Дрезга и Церовица.Освен во Пипери, лоша е состојбата и на Какаричка гора, а патот кон Кучи е затворен. Гори и во Рогами, на Смоковац, во Кокоти, Комани, Зета и Барутана.

Новинар Кристијан Ниновски.