Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Вреди: Нема доказ како се потрошени 120 милиони денари при организацијата на самитот на ОБСЕ

Скандалот со непостоење на било каков доказ за тоа како се потрошени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот со непостоење на било каков доказ за тоа како се потрошени 120 милиони денари при организацијата на самитот на ОБСЕ е уште еден јасен доказ за нечесноста и незаконитото работење на Министерството за надворешни работи под водство на Бујар Османи, наведува партијата Вреди во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. 

Наместо транспарентност и отчет, единствената „победа“ за Османи беше да го прими рускиот министер Сергеј Лавров во Скопје, потег кој предизвика негативни реакции и сериозни сомнежи во надворешнополитичката ориентација на Османи и партијата од црната листа ДУИ.

Јавноста треба да знае:
Зошто нема документи, фактури или извештаи за потрошените 120 милиони денари?
Кој ги одобрил овие трошења и со каква цел?
Кој ги скрил документите?
Дали истите тие средства завршиле во џебовите на фирми блиски до ДУИ?

Реклама

Државниот завод за ревизија е инстуција која е должна прва да алармира за незаконско трошење на парите на граѓаните. Тоа ДЗР го направи јасно за Бујар Османи.

Во последните два дена се потврдува дека Бујар Османи е дел од сите клучни договори и бизниси на ДУИ, но и средби со српските функционери, токму во периоди кога на македонскиот пазар влегуваат компании, казина е телекомуникациски оператори со контроверзно потекло и сопственици.

Сега е јасно дека Бујар Османи нема кредибилитет да зборува за „странско влијание“ или за „заштита на националните интереси“, затоа што токму тој е човекот во чиј мандат како Министер за надворешни работи се отворија вратите за сомнителни бизнис-дилови и за дипломатски скандали кои ја рушат репутацијата на Македонија.
Граѓаните заслужуваат одговори, а институциите мора да покренат постапки.

Политичка партија Вреди