Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Појаснување на Министерството за одбрана за процесот на прием на кандидати за офицери во Армијата

Во објавениот Конкурс е јасно и прецизно наведено по колку лица се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во објавениот Конкурс е јасно и прецизно наведено по колку лица се потребни за секоја служба одделно. Дополнително, во Конкурсот е наведено дека вкупниот број на кандидати ќе биде распределен во две групи, согласно тековните капацитети за обука на Воената академија, информира Министерството за одбрана во врска со, како што наведува, „одредени јавни реакции и обвинувања поврзани со процесот на прием на кандидати за офицери со завршен прв циклус на студии, за потребите на служби во Армијата“.

-Сепак, за да биде јавноста целосно информирана, посочуваме дека во првата група се избрани најдобрите кандидати и тие веќе се известени за нивниот прием и за датумот на почеток на обуката. За сите останати непополнети работни позиции по служби за коишто аплицирале кандидатите, би сакале да нагласиме дека најдоброрангираните кандидати кои ги исполниле конкурсните критериуми ќе бидат примени, а од страна на службите веќе се информирани дека ќе бидат повикани во втората група курсисти. За овие кандидати, почетокот на обуката е предвиден за околу шест месеци, односно по завршување на курсот на првата група, наведува Министерството за одбрана. 

Во соопштението МО посочува дека оваа поделба на две групи била планирана „токму поради реалните капацитети на Воената академија во моментот, кои овозможуваат квалитетна едукација за ограничен број на курсисти истовремено“.

Реклама

-Дополнително, укажуваме дека согласно конкурсот и потребниот број на кадар по одделни служби, за одредени служби не се пријавил ниту еден кандидат, додека за други, конкуренцијата беше исклучително голема – во некои случаи и повеќе од двојно од потребниот број. За службите каде што нема пријавено кандидати, Министерството за одбрана ќе објави нов конкурс, при што јавноста ќе биде навремено известена, стои во дописот од Министерството. 

Како што посочува, „уште еднаш ја истакнува својата целосна посветеност на принципите на законитост, транспарентност и објективност во сите фази на процесот на прием на кандидати, со единствена цел – да се обезбеди најквалитетен и најподготвен кадар за потребите на Армијата“.

-Уште еднаш нагласуваме дека најдобрите кандидати за останатите места кои останаа непополнети согласно конечната ранг листа се избрани и истите се веќе информирани дека ќе бидат во втората група, информира Министерство за одбрана. 

Во прилог на соопштението, МО сподели и линкови од објавениот Конкурс, Конечната ранг-листа и Решението за избор.