Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

🎥 Продолжува хаосот во ЈСП – повторно се запали автобус под Железничка станица

Вчера се запали автобус на ЈСП во центарот на Скопје. Пред 20…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера се запали автобус на ЈСП во центарот на Скопје. Пред 20 часот, во полиција било пријавено дека на Транспортен центар – под Железничката станица – избувнал пожар во автобус сопственост на ЈСП. За среќа, во моментот немало патници. Пожарот предизвикал материјална штета, а екипи на Противпожарната бригада успеале брзо да го локализираат огнот. Причините за запалувањето засега не се познати и ќе бидат утврдени со истрага.

Во последните 12 месеци најмалку шест автобуси на ЈСП се запалиле, а поради дефект, еден заврши директно во жардињера. Последниот инцидент пред овој беше пред неполн месец, кај фабриката „Цементарница“ во Кисела Вода, кога автобус со број 13 се запалил во делот на моторот. Тогаш беше повредена жената-возач, која сама се обидувала да го изгаси пожарот.