Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Завршена изградбата на новата детска градинка во населбата Расадник – Делчево

Делчево доби нов современ објект за згрижување на најмалите – детската градинка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делчево доби нов современ објект за згрижување на најмалите – детската градинка во населба Расадник. Со капацитет од 130 деца, поделени во шест воспитни групи и две јаслени, установата ќе придонесе за целосно укинување на листата на чекање за прием во градинка.  

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, истакна дека овој проект е значаен чекор во унапредувањето на условите за најмладите жители на општината.  

-Новата детска градинка е современ и уникатен објект кој ќе го краси Делчево. Нејзината намена – да згрижува и воспитува дечиња од најмала возраст, ќе значи и анулирање на листата на чекање, а родителите ќе добијат сигурно и квалитетно место за своите деца, рече Трајковски.  

Реклама

Градинката организациски ќе биде дел од ЈУДГ „Весели Цветови“, но ќе работи како независна целина. 

-По завршениот технички прием, објектот ќе биде подготвен да ги прими новите групи, подвлече Трајковски.

 Вредноста на инвестицијата изнесува околу 60 милиони денари со ДДВ, обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и Општина Делчево. Изведувач на работите е фирмата „Атриум“ ДООЕЛ Вевчани.