Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВРЕДИ: Бујар Османи и во Министерство за надворешни спроведувал сомнителни и криминални тендери!?

Соопштение на коалицијата ВРЕДИ: „Државниот завод за ревизија јавно потврди тоа што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на коалицијата ВРЕДИ:

„Државниот завод за ревизија јавно потврди тоа што граѓаните одамна го знаат, дека Министерството за надворешни работи, во време кога министер беше Бујар Османи, спроведувало незаконски тендери поврзани со организацијата на самитот на ОБСЕ во 2023 година.

Според ревизорскиот извештај:
Потрошени се над 120 милиони денари без јасна евиденција;
Не постои документација што точно е испорачано, инсталирано или оставено како трајна опрема во СРЦ „Борис Трајковски“;
Договорите и јавните набавки биле спроведувани без транспарентност и со сериозни законски пропусти.

Реклама

Ова е уште една потврда дека Бујар Османи, каде и да оди, зад себе остава сомнителни и криминални тендери!
Ова не е изолиран случај, истиот Бујар Османи беше осомничен од СЈО за сомнителни набавки уште кога беше министер за здравство во владата на Никола Груевски.

Граѓаните на Чаир добро знаат две работи за Бујар Османи:
Прво, никогаш ништо не направил за Чаир, ниту еден проект, ниту една инвестиција, ниту една иницијатива.
Второ, секогаш кога бил на функција, се поврзувал со скандали, сомнителни тендери и злоупотреби на јавни пари!

ВЛЕН јавно прашува:
Дали ова е човекот кој треба да ја води Чаир?
Дали Чаир заслужува да стане следна жртва на коруптивниот ракопис на Бујар Османи?

Чаир заслужува чесност, развој и отчетност. Не заслужува човек чие име се повторува во секој извештај за криминал и злоупотреба.“