Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

По извештајот на ДЗР за СЦ „Борис Трајковски“ се огласи и актуелниот директор Данијел Апостолоски

По објавувањето на извештајот за работата на СЦ „Борис Трајковски” од страна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По објавувањето на извештајот за работата на СЦ „Борис Трајковски” од страна на Државен завод за ревизија за 2023 година, чувствувам должност да ја информирам јавноста за повеќето од посочените неправилности и пропусти во работата на претходните раководства, напиша на Фејсбук директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски.

Имено, по моето назначување за управител на СЦ „Борис Трајковски”, повеќето од забелешките кои допрва сега беа утврдени од страна на ДЗР, истите беа увидени од моја страна непосредно при секојдневната работа и согледувањата на приходите и расходите на спортскиот центар. По истите веќе во поголемиот дел е постапено, останатото ќе биде спроведено во текот на тековната година.

Во однос на средствата кои во тој период биле потрошени во спортскиот центар за одржување на ОБСЕ самитот од страна на Министерството за надворешни работи, во неколку наврати од наша страна како правен субјект беше побарана документација како за средствата, така и за поставените материјали и реквизити во спортскиот центар, кои впрочем остануваат во сопственост на центарот, но без одредена документација за потврдување на истото.

Реклама

По завршување на ревизорскиот извештај, веднаш беше спроведен нов попис на материјалните добра, кој беше завршен во максимален временски период и истиот е финализиран. Исто така, веќе интензивно се работи на изнаоѓање начин за регулирање на платите во друштвото, како и исправање на неправдата којашто вработените ја чувствуваат, поради стагнирањето на висината на платите од 2016 година, освен по основ на покачување на минималната плата во државата.

Во однос на Аква паркот, лично сметам дека истиот не е одржуван, сервисиран и користен согласно прописите и потребите, и токму затоа сега се соочуваме со решавање на сите проблеми поврзани со објектот, сѐ со цел овој проблем да го решиме долгорочно и истиот повеќе да нема прекин во неговата работа, иако зафатот во објектот е од поголеми размери. Ние не бегаме од работа и истиот ќе биде ревитализиран и подготвен за работа веќе за следното лето.

Паркингот е голем извор на финансии на спортскиот центар, но истиот моментално е бесплатен и функционира како и досега. За промените во тој дел, потребна е консултација како со градските и локалните власти, така и со граѓаните и секојдневните корисници.

Воедно, сублимат од сите овие забелешки и неправилности е дека со истите треба да се позанимаваат институциите кои се задолжени за расветлување на одредени сегменти. Стојам на располагање за соработка и целосно расчистување на неправилностите за работењето во центарот во 2023 година.