Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

🎥 Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позицијата му измеќарува на СДСМ

Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позиција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позиција му измеќарува на СДСМ, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Одамна главниот обвинител Коцевски нема кредибилитет во очите на народот, а сега кога СДСМ јавно застана да го брани во Собрание, му го уништи и тој кредибилитет што некогаш го имал. СДСМ го разголи главниот обвинител Коцевски. Совршено е јасно чии насоки до сега извршувал, и зошто постапките против функционери на СДСМ се таму каде што се. Главниот обвинител Коцевски очигледно е целосно препуштен во прегратките на СДСМ, и таквиот однос, не само што не му пречеше, туку и го зема како последна сламка за спас. Да имаше главниот обвинител Коцевски грам морал, тој немаше да чека СДСМ да го брани и ќе си поднесеше сам оставка. Игнорирањето на мизерните 2% доверба од народот и интерпелацијата во Собрание, е јасен показател дека главниот обвинител Коцевски има друг приоритети, а тоа е да служи како гума за спасување на дел од функционерите од СДСМ блиски до Филипче и Заев од кривична одговорност за криминалите кои ги правеле, истакна Петрушевски.

Доблест не може да се очекува од Коцевски, само чисто калкулантство и политичко профитерство, додаде Петрушевски.