Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: „Коцевски е дискредитиран, со тоа што не дава оставка само докажува дека е на функцијата да ги штити од одговорност функционерите од СДСМ и ДУИ“

Коцевски  е дискредитиран и нема доверба од јавноста. Довербата на народот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коцевски  е дискредитиран и нема доверба од јавноста. Довербата на народот во правосудството е помалку од 2 проценти, бидејќи Коцевски не отвoра предмети, не гони криминал и чува предмети во фиока. Коцевски е делегитимиран и од Собранието. Со негласањето на интерпелацијата од страна на СДСМ се докажа само меѓусебната заштита, помеѓу тие кои го поставија од Струмица и Мала Речица и потребата од негово опстојување на функцијата за да ги штити од одговорност пред правдата функционерите од СДСМ и ДУИ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со што толку се задолжи Коцевски кај СДСМ и ДУИ што и покрај тоа што е делегитимиран не поднесува оставка и останува на позицијата? Дали Коцевски се срами кога го бранат СДСМ и ДУИ? Дали на Коцевски повеќе му значат лукративните цели и личната корист од владеењето на правото и правдата во државата? Импресивно е како Коцевски балансира помеѓу улогата обвинител и верен потрчко на Заев и Филипче. Очигледно правдата е на одмор, а срамот кај Коцевски е тотално отсутен, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека „Коцевски не превзема мерки и не постапува по значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција, поради тоа треба да ја прими пораката од народот и Собранието и да си даде оставка“.

Реклама

-Коцевски да не ги држи во заложништво владеење на правото и правдата во државата и да си поднесе оставка. На Македонија и се неопходни реформи и целосна трансформација на правосудството, велат од владејачката партија.