Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари, со ова се решава недостатокот на кадри за гаснење на пожари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се обучуваат теоретски и практично за справување со пожарите во Македонија. Нивниот ангажман ќе биде сезонски и ќе биде финансиски поддржан од Владата со по 24 илјади на секој работник, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Обуките веќе се во тек низ 13 градови во државата, со кој се покриваат 28 општини низ државата. Младите лица кои се пријавени на обуките, ќе поминат дводневна обука, со која ќе бидат спремни за само една недела да излезат на терен во справувањето со огнените стихии.

Дел од овие лица, ќе бидат распоредени низ локалните територијални противпожарни единици, а друг дел од нив, ќе бидат во Скопје во Дирекцијата за заштита и спасување. Лицата кои ќе бидат распоредени во ДЗС ќе продолжат со обуките, а по појава на мали пожари кои не се од голем ризик, сезонските работници ќе бидат постепено искористувани да работат на терен и да ги усовршуваат своите способности.

Реклама

Со оваа мерка, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека има цел да ги стимулира младите кои не се вработени, да го направат првиот чекор, а потоа оние кои ќе се докажат да добијат и вработување во противпожарните единици низ државата.

Исто така да потсетиме и дека за прв пат по 7 години, се употребуваат 38 пренаменети армиски и полициски возила, на располагање се и хеликоптери и авиони, со кои успешно се справуваме со пожарите кои се појавуваат ова лето.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените!, стои во соопштението на владејачката партија.