Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Со распишување на огласот, Собранието го започна изборот на прв човек на Антикорупциска

Објавен е огласот за избор на нов претседател на Државната комисија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Објавен е огласот за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, по оставката на осомничената екс-претседателка Татјана Димитровска.

Рокот за пријавување ќе трае 10 дена. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на последниот брифинг со новинарите рече дека локалните избори ќе ги распише во првата половина на август, односно во последниот рок за да евентуално се избере нов претседател пред гласањето.

Кандидатите за претседател на ДКСК, освен основните услови, треба да имаат најмалку 10 години искуство, од кои најмалку осум во областите на откривање или спречување на корупцијата, а воедно и да не им е изречена забрана за вршење професија и во последните 10 години да не биле пратеници.

Реклама

Инаку, поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Димитровска, си поднесе оставка откако Обвинителството обелодени дека ја гони по два основи – за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Таа се товари дека му кажувала информации за предмети на екс-директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, а потоа од вештачењето на телефоните обвинителите откриле дека друг ревизор полагал во нејзино име за да добие сертификат за службена тајна.