Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Пожарникарите во Велес спасија мајка и дете заглавени во поплавен автомобил во тек на невремето

Невремето кое ја зафати Македонија предизвика драматична ситуација во Велес. Имено, пожарникарите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невремето кое ја зафати Македонија предизвика драматична ситуација во Велес.

Имено, пожарникарите од овој град морале да интервенираат и успеале да спасат мајка и дете заглавени во поплавен автомобил кај поранешниот силос на „Жито Вардар“. Според информациите, возилото останало заглавено на поплавена улица, а мајката и детето не можеле сами да излезат.

Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите од ноќната смена, двајцата биле успешно и безбедно извлечени.

Реклама

По оваа спасувачка акција, пожарникарите веднаш продолжиле со неколку интервенции на извлекување вода од поплавени дуќани и подруми долж главната улица „Благој Ѓорев“, локација која секој пообилен дожд ја претвора во критична зона поради нерешената атмосферска канализација.

Како што информираат надлежните, причина за честите поплави во овој дел од градот е високата ридеста конфигурација на Велес, од каде поројната вода од повисоките улици се слева кон главните градски правци, предизвикувајќи поплави и материјална штета.