Се проширува дисперзијата на онколошки услуги – специјалисти од Скопје покрај дежурства во битолската онколошка амбуланта, ќе вршат прегледи и во тетовската болница.Од Министерството за здравство за Алфа, појаснуваат дека во текот на овој месец онколозите ќе почнат еднаш неделно да дежураат во Тетово. А за Штип, се прават планови и стратегиии здравствените услуги на пациентите кои се борат со оваа болест да бидат секој работен ден.
“Во Тетово, согласно планираната динамика и проценката на потребите и капацитетите, активирањето на онколошка амбуланта е предвидено во тек на овој месец. Ова ќе претставува значајна придобивка за граѓаните од полошкиот регион, кои досега се соочуваа со предизвици во пристапот на онколошка грижа. Во однос на Штип, во моментот условите сè уште не овозможуваат ангажман на повеќе онколози на редовна основа” велат од Министерство за здравство.
Лекарите оценуваат дека дисперзијата на онколошки амбуланти низ државата е одлична идеја, која ќе биде од голем бенефит за болните кои живеат во пелагионискиот и полошкит регион. Според онкологот д-р Милан Ристески, амбулантите во Битола Штип и Тетово се доволно спремни за да примаат поголем опсег на пациенти само потребен е стручен кадар.

Голема предност и олеснување за болните е и подигнувањето на таблетарната терапија од аптеките, тој план бил направен пред десетина години и кончено е реализиран вели д-р Ристески, додавајќи дека со тоа се спасени минимум 2000 патувања месечно до Клиниката за онкологија од страна на пациентите.
Пациентите кои се лекуваат со таблетарна терапија, конкретно со анастрозол и летрозол ќе можат да ги подигнат од аптека само со извештај од онколог и рецепт од матичен лекар, со симболично учество од околу 50 денари.
