Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Прилози

🎥 Охридското пристаниште не го издржува товарот: Пловните објекти со проблеми повеќе од две децении

Изградено пред 87 години, охридското  пристаниште повеќе нема капацитет за сите пловила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградено пред 87 години, охридското  пристаниште повеќе нема капацитет за сите пловила чиј број од година во година е се поголем. Свесни дека објектот стар еден век не може да го издржи товарот на белата флота, за да се овозможи зголемување на капацитетот и поголема безбедност пред се на бродовите,пред почетокот на летото, Капетанијата изврши расчистување и продлабочување на езерското дно. Сопствениците на пловните објекти раскажуваат со какви проблеми се соочуваат повеќе од две децении.И не им создава главоболка само пристаништето,туку и каналот Студенчишта во кој се усидруваат околу 400 пловила.

” Пловни објекти само се можат, еве сега има и три големи бродови ќе дојдат, се префрлаат од еден на друг брод, некој ќе падне ќе се отепа.Овде катамарани има од едново до другово пристаниште.Каналот е затка со еден збор можам да речам,ништо таму не може,врапче да влезе а не уште 3 брода, 5 до 10 катамарани и не може да се помине,да се  влезе да се излезе во гужвиве “ вели Ирак Каневче,бродар

И во една ваква ситуација во блиска иднина во езерските води ќе запловат уште 3 бродови,што значи покрај 50-те катамарани, Охрид ќе има 10 бродови.

Реклама

“E богами тоа е веќе проблем, каде ќе пристанат и каде ќе испловат,не знам ова пристаниште не бери.Значи мора да се направи да се прошири пристаништето, да се направи марина да се направат мали мостови. Кога ќе одиме Трпејца нема каде да се пристапи.Ние Трпејца одиме, кога има ветар го враќаме назад луѓето едно место нема таму и не само таму сегде кај и да одиш по обалава наша”-вели Ирак Каневче,бродар

Никој не го оспорува фактот дека рекреативната наутика со години се судира со проблеми поради недостаток на марина за која се зборува 20 години,но за тоа треба да се направат темелни стручно-научни анализи-велат од ресорното министерство.

“Утврдено е дека постои потреба од едно функционално решение кое ќе ја подобри состојбата со пловните објекти во Охрид притоа да се запазат сите еколошки стандарди.Започнат е процес во кој се вклучени сите  релевантни фактори, експерти од наутика, еколози се со цел да се најде најдобро еколошко и функционално решение за унапредување на езерскиот сообраќај. Исто така Ве информираме дека се изврши чистење на пристаништата во Охрид и Св Наум”, велат од Министерството за транспорт и врски.

Пристаништата не само во Свети Наум, туку сите на ривиерата ќе се санираат на среден или подолг рок,велат од ресорното министерство.